Ролат со мандарини: Освежувачки зимски десерт кој не се пече

Ролат со мандарини: Освежувачки зимски десерт кој не се пече

Брз десерт за изненадни гости…

Состојки:

  • 300 гр пишкоти
  • 800 мл млеко
  • 100 гр шеќер
  • 40 гр скроб
  • 2 јајца
  • 200 гр маргарин

Состојки за декорација:

  • 200 мл слатка павлака
  • 1 мандарина
  • 50 гр растопено чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Пишкотите потопете ги во млеко и наредете во 3 реда. Разматете јајца со шеќер, па ставете млеко (500 мл) и скроб. Соединете, па гответе со постојано мешање додека не згусне. 
  2. Премачкајте ги пишкотите, наредете мандарини и свиткајте. Ставете во фрижидер на еден час. Разматете слатка павлака, премачкајте го ролатот и декорирајте со чоколадо и мандарина. Вратете во фрижидер уште 20 минути.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Посно: Палачинки без зејтин

Палачинки за 3 минути

Палачинки со мед и ореви

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Палачинки на кои не можете да им одолеете

Џиновска блага палачинка

singlepost_text