Едноставен рецепт за колач: Само разматете, ставете во калап и испечете

Едноставен рецепт за колач: Само разматете, ставете во калап и испечете

Домашен колач со јаболка и ореви.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 100 гр шеќер
  • 50 мл јогурт
  • 150 гр гриз
  • 2 лажици брашно
  • 50 гр мелени ореви
  • 1 лажичка цимет
  • 1/2 прашок за печиво
  • 100 гр суво грозје
  • малку рум
  • 2 мали јаболка

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер, па јогурт, гриз, брашно, мелени ореви, цимет, прашок за печиво. Добро измешајте, па додајте суво грозје кое сте го потопиле во рум и рендани јаболка. Смесата добро соединете ја.
  2. Калап со пречник од 22 см обложете со хартија за печење и ставете ја смесата. Печете на 200 степени околу 45 минути. Посипете со шеќер во прав или прелијте со растопено чоколадо.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text