Колач од јаболка без печење: Брз и вкусен десерт

Колач од јаболка без печење: Брз и вкусен десерт

Колач со јаболка, кремаст фил и бисквити.

Состојки:

  • 500 мл слатка павлака
  • 500 гр маскарпоне сирење
  • 350 гр пире од јаболка
  • 150 мл сок од јаболка
  • 20 гр шеќер во прав
  • 600 гр бисквити
  • 16 гр кремфикс
  • 12 гр шеќер за декорација
  • 5 гр цимет

Начин на подготовка:

  1. Потопете ги бисквитите во сок од јаболка и ставете во тепсија. Измешајте пире од јаболка со маскарпоне и шеќер во прав, па соединете со шпатула. 
  2. Разматете слатка павлака со кремфикс. Соединете ги двете смеси. Преку бисквитите ставете четвртина фил, израмнете, па повторно бисквити, фил, бисквити, фил, бисквити, фил. 
  3. Измешајте шеќер и цимет и ставете преку колачот кој пред тоа сте го изладиле во фрижидер еден час.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text