Чоколаден колач кој не се пече: Десерт кој се топи во уста

Чоколаден колач кој не се пече: Десерт кој се топи во уста

Ако сакате комбинација од ванила и чоколадо, ова е идеален десерт за вас.

Состојки:

  • 400 гр чоколадни бисквити
  • 650 мл млеко
  • 80 гр пудинг од ванила
  • 100 гр шеќер

Состојки за глазура:

  • 200 гр чоколадо
  • 100 мл слатка павлака
  • 100 гр листови бадеми

Начин на подготовка:

  1. Половина од бисквитите искршете ги, а останатите наредете ги во калап. 
  2. Во млекото додајте шеќер и пудинг и гответе додека не згусне, со постојано мешање. Во пудингот додајте искршени бисквити и измешајте. Ставете во калап, па затворете со останатите бисквити. 
  3. Покријте со проѕирна фолија и ставете во фрижидер на еден час. 
  4. Растопете чоколадо и павлака и прелијте преку колачот. Посипете со листови бадеми.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта