Стар рецепт за гурабии: Вкусни и евтини колачи

Стар рецепт за гурабии: Вкусни и евтини колачи

Вкусни колачиња – гурабии, по стар рецепт.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 150 гр брашно
  • 70 гр маст
  • кора од лимон
  • 70-100 гр шеќер
  • 100 гр сечкани ореви
  • 1 лажичка сода бикарбона или прашок за печиво
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Во маст додајте едно јајце и една жолчка, ванилин шеќер, ванила, кора од лимон и пенасто разматете. Додајте брашно со сода или прашок за печиво, малку замесете, па додајте уште една лажица брашно. Убаво замесете тесто. Покријте и оставете во фрижидер половина час. 
  2. Развлечете тесто на дебелина 1/2 см и вадете мали колачиња со чаша. Секое колаче провлечете го низ останатата белка, па извалкајте во сечкани ореви. Редете во плех обложен со хартија за печење и печете на 200 степени околу 15-17 минути.

[/directions]

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта