Салата од варени компири на германски начин

Салата од варени компири на германски начин

Многумина сакаат добра компир салата со ручекот, а еве како тоа традиционално ја прават Германците!

Состојки:

  • 1/2 кг варени компири
  • 1 главица кромид
  • 2 лажици оцет
  • 1/2 лажичка шеќер
  • сол
  • бибер
  • сечкан магдонос
  • 2 кисели краставички
  • ким по вкус
  • 2 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Компирите згответе ги со малку сол и ким. Кога ќе бидат готови, исечкајте ги на кругови и ставете ги во чинија. Во тенџере згответе сечкан кромид, кисели краставички со малку шеќер, сол, бибер, оцет и масло. Кога кромидот ќе омекне, тргнете од оган и исцедете. Сѐ измешајте и оставете да се излади.
  2. Пробајте пред сервирање и дополнително посолете ако е потребно и посипете со магдонос.
  3. Некои верзии од оваа салата се без краставици, а со додаток на сланина – вие сами прилагодете го рецептот како сакате.

Добар апетит!