Брз и евтин ручек…
Состојки:
- 600 гр пилешко бело месо
- 200 гр шампињони
- 100 мл масло
- 200 мл павлака за готвење
- 1 лажица зачин
- сол
- бибер
- 2 лажици пармезан
- магдонос
- 1/2 лажица брашно
- 100 мл вода
Начин на подготовка:
- Месото исечкајте го на коцки и зачинете. Загрејте масло во тава па ставете месо и пропржете го 15 минути. Исечкајте ги шампињоните. Кога месото ќе биде готово извадете го па на маслото пропржете ги и шампињоните, кои ќе ги посолите откако ќе се пропржат.
- Кога шампињоните ќе бидат готови, додајте го месото, ставете павлака и вода, бибер и магдонос.
- Кога ќе зоврие, разматете брашно во малку вода и додајте во сосот. Измешајте и исклучете го огнот. Оставете уште малку на врела рингла да крчка па на крај, кога крчкањето ќе се смири, додајте пармезан и повторно измешајте.
- Додека тоа се готви, згответе тестенини и послужете ги со јадењето.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо