Сусам салата за славска трпеза: Одлична е со печење, тестенини или како намаз

Сусам салата за славска трпеза: Одлична е со печење, тестенини или како намаз

Брза и кремаста сусам салата.

Состојки:

  • 100 гр сусам
  • 250 гр шунка Пекабеско
  • 250 гр кашкавал
  • 500 гр крем сирење
  • 500 гр павлака Пекабела
  • 100 гр мајонез

Начин на подготовка:

  1. Пропржете сусам на тивок оган, да добие убава и златна боја. Изрендајте ситно шунка и кашкавал.

     

  2. Во голем сад ставете кисела павлака, крем сирење, мајонез и малку сол. Додајте 80 гр сусам и убаво соединете. Ставете во чинија и преку посипете уште 20 гр сусам.

     

  3. Украсете по желба. Ставете во фрижидер да стегне и да се излади.

singlepost_text