Фантастичен рецепт за ќофтиња со моцарела

Фантастичен рецепт за ќофтиња со моцарела

Фантастичен рецепт за ќофтиња со моцарела.

Состојки:

  • 2,5 шолји брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • сол
  • бибер
  • 1/2 кг мелено јунешко
  • 1 лажичка сув магдонос
  • 1/2 шолја млеко
  • 3 шолји ренано моцарела сирење
  • лут кечап
  • 1 лажица мед

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 200 степени, и во плиток плех ставете хартија за печење.
  2. Измешајте брашно, прашок за печиво, сол и бибер, па додајте мелено месо, млеко, магдонос и моцарела и месете со раце додека смесата не се изедначи.
  3. Правете ќофтиња и редете ги во плех, па печете ги во загреана рерна 25-30 минути. Пет минути пред крајот од печењето, на секое ќофте ставете лажичка мешавина од лут кечап и мед.
  4. Послужете со тестенини, компир пире или сезонска салата.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text