Совршен рецепт за похован карфиол

Совршен рецепт за похован карфиол

Совршен рецепт за похован карфиол. Следете ги само овие неколку важни чекори…

Состојки:

  • 1 кг карфиол (поголеми главици)
  • 5 јајца
  • 200 гр брашно
  • сол
  • 3-4 дл масло

Начин на подготовка:

  1. Од карфиолот отстранете ги листовите, измијте го и исечкајте го на помали цветови. Сè ставете во поголемо тенџере, посолете и налијте со вода да го прекрие карфиолот. Преку карфиолот ставете и помала чинија за да не исплива на површина. Гответе поклопено околу 10 минути од точката на вриење. Процедете го од вода и оставете да се излади. Побргу ќе се излади ако го измиете со студена вода. Тоа направете го внимателно за карфиолот да не се распадне.
  2. Посолете го, разматете јајца кои исто така треба да ги посолите и почнете со похување.
  3. Секое парче добро обложете го со брашно потоа во јајца па пржете од двете страни. Маслото треба да биде загреано пред да го спуштите карфиолот, внимавајте температурата да биде средна.
  4. Наредете го карфиолот на салфети да се исцеди од вишок маснотија. Послужете веднаш со салата или сос.

 

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

singlepost_text