Мусака со мелено месо и рендани компири

Мусака со мелено месо и рендани компири

Мусака со мелено месо и рендани компири.

Состојки:

  • 300 гр мелено месо
  • 200 гр кромид
  • 1 кг компири
  • 2 јајца
  • 200 мл кисела павлака Пекабела
  • 3 дл млеко
  • 1 дл масло
  • малку сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечканиот кромид пропржете го на масло. Додајте мелено месо и динстајте додека не испари водата која ќе ја пушти месото. Тргнете ја тавата од оган, додајте сол и бибер и добро измешајте. 
  2. Компирите исчистете ги, измијте ги и изрендајте ги. Додајте месо и добро измешајте. Смесата ставте ја во намастена тепсија. Разматете јајца, млеко и павлака и рамномерно прелијте по компирите и месото. Мусаката се пече на 200 степени околу половина час, додека компирите не поруменат.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки