Сочен колач со јаболка: Подобар од торта

Сочен колач со јаболка: Подобар од торта

Доколку сакате да направите вкусен и здрав десерт, тогаш тоа е дефинитивно колач со јаболка.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 700 гр јаболка
  • 100 гр шеќер
  • 100 мл јогурт
  • 50 мл. маслиново масло
  • 150 гр брашно
  • 2 лажици полни гриз
  • 100 гр суво грозје во рум
  • кора од лимон

Начин на подготовка:

  1. Јајцата се матат со шеќер, се додава брашното со гриз и прашокот за пециво, маслото, јогуртот, сувото грозје, кората од лимон. 
  2. Јаболката добро измијте ги, извадете ги семките и исечете ги на листови. Силиконскиот куглоф можете малку да го премачкате со масло па на дното ставете јаболка. 
  3. Додајте го тестото, па половина од сувото грозје. Преку тестото повторно јаболка, а потоа уште еден дел од тестото во кое ќе го измешате остатокот од сувото грозје. 
  4. Израмнете и печете на 200 степени околу 50-60 мин.


Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта