Телешко со печурки и ориз

Телешко со печурки и ориз

Вкусна комбинација за одличен ручек.

Состојки:

  • 500 гр телешки медаљони
  • 500 гр шампињони
  • 2 главици кромид
  • 1 морков
  • 50 гр сланина
  • вегета
  • бибер
  • сечкан магдонос
  • ориз

Начин на подготовка:

  1. Помалите телешки шницли/медаљони малку зачинете ги со вегета, извалкајте ги во брашно и запечете ги од двете страни.
  2. Посебно на масло пропржете сланина исечкана на ленти, додајте ситно сечкан кромид и морков и заедно кратко динстајте.
  3. Додајте шампињони сечкани на листови и медаљони кои ќе ги распоредите помеѓу печурките, па додајте 2-3 дл вода.
  4. Јадењето нека се динста додека медаљоните не омекнат, околу 30-40 минути.
  5. Пред крај, додајте лажица густин/брашно разматен во малку студена вода, посолете и побиберете по вкус.
  6. Посипете со ситно сечкан магдонос и послужете со зготвен ориз.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

 

singlepost_text