Домаќинска пита од компири и сирење, без квасец и јајца: Не ви треба рерна

Домаќинска пита од компири и сирење, без квасец и јајца: Не ви треба рерна

Домаќинска пита од компири и сирење.

Состојки за тесто:

  • 140 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 90 мл млеко
  • 10 гр путер

Состојки за фил:

  • 2 средни компири
  • 2 лажици мајонез
  • 300 гр тврдо сирење

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги сите состојки за тесто и замесете. Покријте со проѕирна фолија и ставете во фрижидер на еден час. Згответе компир, па изгмечете го да добиете пире. Измешајте со мајонез.

     

  2. Тестото развлечете го на тенок круг. На средина ставете рендан кашкавал, па преку и пире и остатокот од кашкавалот. Затворете со остатокот од тестото и притиснете малку со прсти. Потоа со раце малку притиснете, а потоа и со сукало.

     

  3. Намастете тава, па ставете ја питата. Печете на ниска температура.

 

Добар апетит!

https://youtu.be/xVFSYM6oNJY

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text