Фантастични Нутела мафини

Фантастични Нутела мафини

Десерт кој ќе го обожавате!

Состојки:

  • 4 јајца
  • 15 лажици шеќер
  • 100 гр путер на собна температура
  • 2,5 шолји од 2 дл брашно
  • 1 шолја јогурт
  • 2 лажици какао
  • 1/2 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 50 гр искршено млечно чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Белките со половина од шеќерот посебно разматете ги во цврст снег. Жолчките разматете ги со половина од шеќерот и додајте ги останатите состојки, на крај со лажица додајте снег од белки. Корпичките полнете ги до половина, ставајте по лажица Нутела, па прекријте со смесата.
  2. Печете околу 20 минути на 200 степени. Направете крем од 1,5 дл павлака за шлаг и 150 гр чоколадо за готвење и со тоа можете да ги украсите мафините.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед