Антибиотик компир чорба со лук

Антибиотик компир чорба со лук

Вкусна и здрава чорба од лук и компир.

Состојки:

  • 200 гр пилешко бело месо
  • 800 гр компири
  • 100 гр кромид
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 лажица сув зачин
  • малку бибер
  • листови магдонос
  • 2 лажици масло или коцка путер
  • 2,5-3 л вода
  • резанки за супа

Начин на подготовка:

  1. На масло издинстајте ситно сечкано бело месо, извадете го од тенџере па додајте исечкан кромид. Кратко динстајте, додајте сечкан лук. Пржете неколку секунди, па додајте исечкани компири и вода да ги прекрие. Гответе додека компирите не омекнат. 
  2. Испасирајте со вилушка или со миксер, вратете го месото во чорбата, зачинете и додајте листови магдонос и уште вода. Гответе околу две минути па додајте резанки.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text