Крцкави поховани ролнички од мелено месо

Крцкави поховани ролнички од мелено месо

Одличен рецепт за вкусен оброк!

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 јајце
  • 2 лажици презла
  • 150 гр кашкавал
  • 1 главица кромид
  • сол
  • бибер
  • лута пиперка
  • 100 гр презла за поховање
  • 2 јајца за поховање

Начин на подготовка:

  1. Во меленото месо додајте јајце, зачини и 2 лажици презла, исечкан кромид, добро соединете, па измешајте со раце.

     

  2. Развлечете го месото на дланка, па во средина ставете парче кашкавал и потоа замотајте го месото. Секоја ролна извалкајте ја во разматени јајца, па во презла. На крај испржете во врело масло од двете страни.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text