Не мора да ги филувате, сѐ има во самото тесто: Палачинки за 10 минути

Не мора да ги филувате, сѐ има во самото тесто: Палачинки за 10 минути

Кога ќе го пробате овој рецепт за солени палачинки, веќе нема да ги купувате!

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1,5 лажичка сол
  • 1 лажица кристал шеќер
  • 1 лажица сув квасец
  • 1,5 шолја топло млеко
  • 1,5 шолја топла вода
  • 3,5 шолји брашно
  • 1 главица кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 домат
  • 2 праза
  • магдонос
  • 1 шолја рендан компир
  • пченка
  • масло

Directions

  1. Разматете јајца, па додајте сол, шеќер, квасец, топло млеко, и топла вода па измешајте. Додајте брашно па повторно измешајте. Покријте го тестото и оставете на страна додека не го подготвите филот.

     

  2. Исечкајте ситно кромид, праз, пиперка, домат, магдонос. Компирите изрендајте ги. Зеленчукот додајте го во претходната смеса па измешајте. Намастете тава за палачинки и печете од двете страни. Сервирајте со павлака или сирење.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко