Како да подготвите совршени буковки

Како да подготвите совршени буковки

Едноставен рецепт, фантастичен вкус!

Состојки:

  • 250 гр буковки
  • 1/2 праз
  • 1 голема свежа пиперка
  • 2 чешниња лук
  • листови магдонос
  • сол
  • бибер
  • маслиново масло
  • 1 главица кромид

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете на кругови исечкан праз. Кога малку ќе се пропржи додајте кромид и малку пропржете, а потоа ставете пиперка исечкана на коцки. На крај додајте измиени и исчистени буковки. Динстајте на тивок оган да испари течноста. Ако печурките не се меки, додајте малку вода, па динстајте да омекнат и испари течноста. На крај ставете сол, бибер, сечкан лук и листови магдонос. Сервирајте со компири или со месо.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко