Посни палачинки, без млеко и јајца

Посни палачинки, без млеко и јајца

Посни палачинки, без млеко и јајца.

Состојки:

  • 500 мл вода
  • 350 гр меко брашно
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • малку изрендана кора од лимон
  • 3 лажици масло за тестото + неколку капки за пржење
  • 1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Измешајте вода, шеќер, сол, ванила, масло и изрендана кора од лимон. Додајте брашно и прашок за печиво. Измешајте да нема грутки и печете во добро загреана тава. Додека се печат намалете, корегирајте температура, за палачинките да не загорат. 
  2. Печете ги од двете страни. Намачкајте со фил, свиткајте и уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко