Запечени шпагети со мелено месо

Запечени шпагети со мелено месо

Вкусни шпагети на необичен начин.

Состојки:

  • 600 гр мелено месо
  • 300 гр шпагети
  • 1 голема главица кромид
  • 3 лажици домати пелати
  • 2 јајца
  • магдонос
  • 1 дл доматен сок

Начин на подготовка:

  1. Обварете ги шпагетите во солена вода, па процедете. 
  2. Исечкајте кромид и ставете да се продинста па додајте мелено месо и динстајте околу 15 минути. На крај додајте домати пелати, сол, бибер, сечкан магдонос и јајце. 
  3. Во огноотпорен сад ставете половина од шпагетите, месото и од горе остатокот од шпагетите. 
  4. Разматете јајце со доматен сок па прелијте ги шпагетите и ставете на 200 степени да се испече. 
  5. Изладете, исечете и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко