Неодоливи колачиња од банана и снегулки

Неодоливи колачиња од банана и снегулки

Брзи и неодоливи колачиња од банана и снегулки.

Состојки:

  • 1 шолја овесни снегулки
  • 1 зрела банана
  • 1/2 шолја кокосово брашно
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 2 лажици кокосово масло
  • 1 лажичка екстракт од ванила или ванилин шеќер
  • 1/2 шолја чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

  1. Снегулките изблендирајте ги дваесетина секунди. Додајте банана и мешајте 15 секунди. Додајте кокосово брашно и повторно мешајте 15 секунди. Готовата смеса префрлете ја во сад.
  2. Чоколадото исечкајте го на листови со дебелина од 3-4 мм така што убаво ќе се распаѓа. Измешајте во смесата.
  3. Смесата ставете ја во фрижидер 20 минути да се излади и стврдне. Обликувајте топчиња, па ставете ги во хартиени корпички и по желба извалкајте ги во кокосово брашно или чоколадо во прав.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text