Вкусен намаз од сирење, сусам и маслинки.
Состојки:
- 1 лажица сусам
- 1 лажица ленено семе
- 3 лажици младо сирење
- 2 лажици јогурт
- неколку маслинки без коски
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Семките сусам кратко пропржете ги на загреана тава. Исчукајте ги лесно да пуштат арома. Истото направете го со лененото семе, само користете поклоп.
- Изблендирајте заедно сирење, јогурт, семки, исечкани маслини, малку посолете и побиберете и кратко изблендирајте да добиете фина смеса.
- Намазот послужете го на печен леб, туна, крекери или лесна салата.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути