Проја мафини со сирење и спанаќ

Проја мафини со сирење и спанаќ

Одличен доручек за сите кои сакаат да се хранат здраво.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 100 гр сирење
  • 80 мл масло
  • 100 мл јогурт
  • 100 мл кисела вода
  • 150 гр брашно
  • 100 гр палента
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 100 гр свеж спанаќ

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Плехот за мафини намастете го со масло. Измешајте јајца, масло, вода, јогурт и сирење. Кога сè ќе соединете додајте брашно, палента, сол и прашок за печиво. Разматете со лажица. Сè добро изедначете. На крај додајте спанаќ.
  2. Смесата полека ставете ја во калапи за проја и печете во загреана рерна. Доколку немате калап можете да испечете и во обичен плех, а потоа пресечете на коцки.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула