Уштипци од месо, брзи и вкусни

Уштипци од месо, брзи и вкусни

Брза подготовка, фантастичен вкус.

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 веза лист магдонос
  • 150 гр брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 1 чаша павлака Пекабела
  • 100 мл јогурт
  • 2 јајца
  • вегета
  • сол
  • мелен бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Кромидот и лукот, како и магдоност ситно исечкајте ги и измешајте ги со месо, брашно (во кое претходно сте ставиле прашок за печиво), павлака, јогурт, јајца, и зачини по вкус. Сè измешајте за масата да стане глатка.
  2. Вадете од месото со лажица и пржете во добро загреано масло додека не порумени.
  3. Послужете со салата или прилог по желба.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text