Вкусна туна со пиперки и компири

Вкусна туна со пиперки и компири

Брзо и вкусно јадење.

Состојки:

  • 500 гр туна
  • 2 црвени пиперки
  • 2 зелени пиперки
  • 3 домати
  • 6 компири
  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 100 мл бело вино
  • 200 мл бујон
  • 1 лажичка сечкана мајчина душица
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Туната исечкајте ја на коцки, пиперките на ленти, доматите на коцки, а компирите на парчиња. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
  2. Во широка тава загрејте масло, мешајќи пржете ги пиперките, кромидот и лукот. Добро посолете и побиберете, налијте вино и бујон, додајте домати, компири и мајчина душица, поклопете и гответе на слаб оган околу 20 минути.
  3. Пред крај додајте туна. По потреба уште зачинете и украсете со мајчина душица.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство