Вкусна компир пире салата

Вкусна компир пире салата

Салата од компири на малку поинаков начин.

Состојки:

  • 5 бели компири
  • 5 розе компири
  • 2 лажици путер
  • сол
  • бибер
  • 1/2 шолја мајонез
  • 1/2 шолја сенф
  • 1/2 шолја кисела павлака Пекабела
  • стебло целер ситно сечкан
  • 1 црвен кромид, ситно сечкан
  • 2 кисели краставички, ситно сечкани
  • 1 зелена пиперка, ситно сечкана

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечкајте ги на коцки. Ставете ги во длабока тава, прелијте ги со вода и гответе ги на умерена температура доека не омекнат. Исцедете ги компирите и ставете ги во подлабок сад.
  2. Компирите посолете ги и побиберете ги и додајте путер, па измелете ги да добиете пире. Додајте мајонез, кисела павлака и сенф, па добро измешајте. Потоа измешајте и целер, кромид, краставички и пиперка. Добро измешајте додека смесата не се изедначи.
  3. Ставете ја салатата во сад и послужете.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство