Брза подготовка: Крем супа со компир и карфиол

Брза подготовка: Крем супа со компир и карфиол

Крем супа од компири…

Состојки:

  • 500 гр карфиол
  • 4 компири
  • 1 главица кромид
  • 2-3 лажици масло
  • магдонос
  • сол
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Карфиолот одвојте го од листовите, исечкајте го и измијте го. Компирите и кромидот исечкајте ги на коцки. Ставете ги во лонец заедно со масло и додајте 1,5 л вода, па оставете да се готват 15 минути. 
  2. Со миксер измиксајте ги состојките во лонецот и зачинете ги со сол. Оставете да се готви уште 15 минути. Супата послужете ја топла и укрсете ја со магдонос.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text