Вкусни шницли со сенф и павлака

Вкусни шницли со сенф и павлака

Вкусно и брзо јадење…

Состојки:

  • 500 гр тенко исечени шницли
  • 1 павлака
  • 2 корнишони
  • 1 кисела пиперка
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажичка кечап
  • сол
  • бибер
  • малку путер

Начин на подготовка:

  1. Посолете го и побиберете го месото и на путер испржете го во тенџере. 
  2. Разматете павлака, ситно сечкана пиперка и корнишони, сенф и кечап. Полека додајте го сосот во тенџерето со месо и на умерен оган нека крчка околу 10 минути. 
  3. По вкус додајте уште сол. Послужете со салата.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко