Мафини со портокал

Мафини со портокал

Овој рецепт ќе ви ги претвори ладните денови во слатко уживање!

Состојки:

  • 130 гр брашно
  • рендана кора од 2 портокали
  • сок од 1 портокал
  • 130 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • 120 гр путер
  • 1 дл кисела павлака Пекабела
  • 50 гр сечкани ореви
  • 1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Разматете шеќер, ванилин шеќер и омекнат путер. 
  2. Додајте јајце и кисела павлака, па продолжете со матење. 
  3. Измешајте брашно и прашок за печиво и додајте во течната семса. Продолжете со мешање со дрвена лажица. 
  4. На крај додајте ореви, сок од портокал и кора од портокал, па добро соединете. 
  5. Поделете во калапи за мали мафини. Печете во рерна загреана на 180 степени 20-25 минути.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text