Кифли со џем по стар рецепт

Кифли со џем по стар рецепт

Одличен рецепт за неодоливи кифлички.

Состојки:

  • 250 гр путер
  • прстофат сол
  • 1 јајце
  • 1/2 кора од лимон
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 кисела павлака
  • 1/2 прашок за печиво
  • 500 гр брашно
  • малку џем од сливи
  • шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Путерот измиксајте го. Додајте сол, јајце, кора од лимон, ванилин шеќер во павлака. Продолжете со миксање. Додајте брашно во кое сте ставиле половина прашок за печиво. Тестото замесете го и поделете го на два дела. Оставете да се излади околу 30 минути. Потоа развлечете во круг и правете кифлички во кои ќе ставите малку џем од сливи. Кифличките печете ги на 180 степени 20-25 минути. Кога ќе се испечат извалкајте ги во шеќер во прав.

Уживајте!

singlepost_text