Вкусна супа за ладните есенски денови.
Состојки:
- 1 тиква
- 2 компири
- 2 главици кромид
- 3 моркови
- 2 парчиња млад кромид
- 1,5 л говедски бујон
- путер
Начин на подготовка:
- Загрејте путер во сад, па динстајте го исечканиот зеленчук. Излупете тиква, па исечкајте ја на парчиња.
- Залијте го зеленчукот со бујон, па оставете да зоврие. Додајте парчиња тиква, па гответе околу 15 минути на слаб оган.
- На крај со миксер измиксајте ја супата, па додајте малку сол, бибер и павлака. На крај додајте сок од јаболко.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот