Наместо кисела зелка користете бело месо – вкусен и брз ручек.
Состојки:
- 600 гр пилешко филе
- 20 гр рендано сирење
- 1 домат
- 10 гр босилек
- 30 гр павлака
Начин на подготовка:
- Исчукајте го месото, посолете и побиберете. Измешајте сечкан домат, рендано сирење и сечкан босилек. Наполнете го месото и свиткајте. Редете во тепсија и прелијте со малку масло. Печете на 180 степени 15 минути, па потоа извадете и премачкајте со павлака. Вратете на иста температура уште 15 минути.
Добар апетит!
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко