Пита со јаболка на јапонски начин

Пита со јаболка на јапонски начин

Вкусна пита со јаболка на јапонски начин.

Состојки:

  • 6 јаболка
  • 300 гр шеќер
  • 150 гр ореви
  • 1 лажичка цимет
  • 3 јајца
  • 10 гр ванилин шеќер
  • 150 мл млеко или јогурт
  • 200 гр брашно
  • 2 лажички прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги јаболката и изрендајте ги. Ставете ги во тава и додајте 150 гр шеќер. Измешајте. Гответе 15 минути. Потоа додајте ореви кои сте ги изблендирале и цимет. Измешајте и исклучете го шпоретот.

     

  2. Јајцата разматете ги со 150 гр шеќер и ванилин шеќер. Додајте млеко, а потоа просеано брашно со прашок за печиво.

     

  3. Обложете плех со хартија за печење и ставете ги јаболката, па израмнете. Потоа ставете ја смесата со јајца и исто порамнете. Печете на 180 степени половина час. Извадете од плех и свиткајте. Посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text