Неодоливи топчиња со лешник

Неодоливи топчиња со лешник

Овие слатки и крцкави топчиња се подготвуваат многу лесно, а одлично одат со чај или кафе.

Состојки:

  • 3 белки
  • 175 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 200 гр мелени лешници
  • цели лешници за украсување

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете снег од белки со постепено додавање шеќер и ванилин шеќер. Матете додека не стане толку цврст да не може да испадне од садот кога ќе се сврти на долу. Потоа додајте мелени лешници и сè измешајте. Загрејте ја рерната на 150 степени.
  2. Обложете плех со хартија за печење. Тестото ставете го во шприц за декорација, кој на врвот има поголем отвор. Истиснувајте малечки топчиња на хартија за печење, оставајќи одредено растојание помеѓу нив, а потоа во секое топче ставете по еден цел лешник.
  3. Колачињата печете ги околу 20 минути, па внимателно извадете ги од плехот и оставете ги да се изладат. Чувајте ги во добро затворена кутија.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text