Ако сте почетник во кујна: Колач со јаболка кој им успева на сите

Ако сте почетник во кујна: Колач со јаболка кој им успева на сите

Изненадете ги домашните со одличен колач од јаболка.

Состојки:

  • 8 лажици солен путер
  • 3 мали јаболка
  • 225 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 2 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Вклчете ја рерната да се загреава на 180 степени. Садот за печење премачкајте го со путер. 
  2. Растопете путер, а јаболката измијте ги, излупете ги и исечкајте ги на коцки или изрендајте ги. Разматете 2 јајца, додајте растопен путер, шеќер, екстракт од ванила па добро измешајте. Додајте брашно и измешајте. Додајте и јаболка па повторно измешајте. Префрлете во сад за печење и порамнете ја површината. 
  3. Печете од прилика 40 минути, а пред послужување посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text