Посен тоблероне колач

Посен тоблероне колач

Брз, вкусен и едноставен колач кој го задоволува сечиј вкус.

Состојки:

  • 150 гр маргарин
  • 200 гр чоколадо
  • 200 гр шеќер
  • 2 лажици мед
  • 200 гр мелени посни бисквити
  • 150 гр сечкани ореви
  • 50 гр чоколадо
  • 1 мала коцка маргарин
  • 1 дл кока-кола

Начин на подготовка:

  1. Обложете триаголен калап со самолеплива фолија.
  2. Во тенџере ставете кока-кола, и на тивок оган со непрекинато мешање растопете маргарин, чоколадо и шеќер. Кога состојките добро ќе се растопат додајте ореви, бисквити и мед.
  3. Масата добро изедначете ја и ставете во калапи за колачи. Од оваа маса потребни се два калапи.
  4. Кога колачот ќе се излади, прелијте го со глазура од чоколадо. Чоколадото растопете го на пареа и при крај додајте парче маргарин и прелијте ги двата калапи со тоблероне.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text