Обланди со бело чоколадо и кекс – одличен десерт

Обланди со бело чоколадо и кекс – одличен десерт

Време е за вкусен десерт…

Состојки:

  • 1 мало пакување обланди
  • 125 гр путер или маргарин
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр бело чоколадо за готвење
  • 200 гр кисела павлака
  • 150 гр мелени бисквити
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. На умерена температура растопете путер, шеќер и бело чоколадо. Тргнете од рингла и додајте кисела павлака и ванилин шеќер. Мешајте додека состојките не се соединат. Постепено додајте бисквити. Поделете на четири еднакви дела и филувајте ги обландите. На секоја кора ставете по еден дел фил.
  2. Петтата кора ставете ја како претходните четири, а преку неа хартија за печење, па некој тежок предмет и оставете така 2-3 часа. Обландите сечете ги на облици по желба.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text