Пиперки со сирење и морков

Пиперки со сирење и морков

Лесен оброк готов за миг!

Состојки:

  • 8 пиперки
  • 300 гр ситно сирење
  • 2 јајца
  • 1 морков
  • 1 главица кромид
  • 1 помала пиперка
  • масло
  • сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Пиперките измијте ги и исчистете ги. Една мала пиперка исечкајте на ситни парчиња. Морковот исчистете го и изрендајте го. Кромидот исчистете го и ситно и исечкајте го.
  2. Морковите, кромидот и пиперката кратко продинстајте ги на малку масло. Изладете и измешајте разматено јајце измешано со сирење. Измешајте, зачинете по вкус и полнете ги пиперките.
  3. Пиперките ставете ги во плех намастен со масло или обложен со хартија за печење. Печете околу половина час во рерна загреана на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт