Вкусна комбинација од ориз, пиперки и месо

Вкусна комбинација од ориз, пиперки и месо

Вкусна комбинација од ориз, пиперки и месо.

Состојки:

  • 250 гр ориз
  • лута пиперка
  • 3 црвени пиперки со средна големина
  • 100 гр сланина Пекабеско
  • 1 главица кромид
  • 300 гр мелено говедско месо
  • сол
  • бибер
  • малку коријандер
  • малку сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Оризот згответе го во посолена вода. Лутата пиперка и другите пиперки исечете ги по должина, извадете ги семките, па исечкајте ги на резанки. Сланината и кромидот исечкајте ги на коцки.
  2. Пропржете ја сланината, додајте кромид, па пржете додека не добие златна боја. Потоа во тавата додајте лута пиперка и мелено месо, па динстајте додека месото не почне да добива златна боја. На крај додајте пиперки и динстајте уште неколку минути.
  3. Смесата од мелено месо и пиперки посолете ја, побиберете, додајте коријандер и сè заедно измешајте со варен ориз. Додајте сок од лимон и послужете.

Добар апетит!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Полнет ананас со ориз и пилешко

Пудинг од ориз

Оризови нудли со зеленчук

Ориз на мексикански начин

Ориз со зеленчук и краби

Пилешка мучкалица со ориз

Брза диета според вашата градба на тело

Кое е омиленото чоколадо на секој хороскопски знак