Без месо: Брза вечера од тава за 10 минути – сите состојки ги имате во фрижидер

Без месо: Брза вечера од тава за 10 минути – сите состојки ги имате во фрижидер

Идеја за брза вечера!

Состојки:

  • 2 големи компири
  • масло
  • 1 главица кромид
  • 1 пиперка
  • сол
  • 3 домати со средна големина
  • 4 јајца
  • копар

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот измијте го и исечкајте го на коцки. Прво на масло испржете компирчиња, а потоа префрлете ги на чинија, а во истото масло пропржете кромид и пиперки. По некое време додајте домати 
  2. Посолете и измешајте. Кога доматите ќе скрчкаат, вратете го компирот во тава, измешајте и направете 4 вдлабнатини во кои ќе ставите јајца. Поклопете ја тавата и крчкајте 3-5 минути. Посипете со копар и сервирајте.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки