Тестенини на оригинален сицилијански начин

Тестенини на оригинален сицилијански начин

Совршен ручек!

Состојки:

  • 300 гр тестенини
  • 80 гр бадеми
  • 20 листови босилек
  • 25 гр изрендано пекорино сирење
  • 5 зелени маслинки
  • 6 шери домати
  • маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Бадемите ставете ги во врела вода и гответе ги десетина минути малку да омекнат и кората да се одлепи, потоа исцедете ги и излупете ги.
  2. Згответе тестенини по упатство на пакувањето.
  3. Во блендер ставете 50 мл маслиново масло, додајте свежи листови босилек, зготвени и излупени бадеми, изрендано сирење, зелени маслинки, зачинете со бибер, и сѐ заедно матете во еднолична смеса.
  4. Во голем сад ставете ги зготвените и исцедени тестенини, додајте го подготвениот сос, ситно сечкани домати, по желба уште малку маслиново масло, измешајте ги состојките, украсете со листови босилек и послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки