Одлична комбинација: Телешко со шампињони

Одлична комбинација: Телешко со шампињони

Вкусно телешко месо со печурки.

Состојки:

  • 600 гр телешко од бут
  • 300 гр шампињони
  • 1 главица кромид
  • 200 мл павлака за готвење
  • 2 лажици скробно брашно
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 50 гр путер
  • 1 лажица сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Телешкото исечкајте го на коцки, а кромидот ситно исечкајте го. На путер пропржете исечкано месо, додајте кромид и заедно динстајте 5 минути.
  2. Додајте исечкани шампињони и сув зачин па продолжете со динстање со повремено наливање вода околу 30 минути. Кога месото ќе омекне, додајте скробно брашно разматено во малку вода и павлака за готвење.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта