Маринирано пилешко со ориз – вкусен ручек

Маринирано пилешко со ориз – вкусен ручек

Вкусно јадење од пилешко месо и ориз…

Состојки:

  • 150 гр пилешки гради
  • 2 лажици путер
  • масло
  • 1/2 шолја ориз
  • 1 рака исечкан мешан зеленчук
  • сол
  • бибер

Состојки за маринада:

  • сол
  • бибер
  • сув зачин
  • црвена пипер
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Растопете лажица путер и додајте половина шолја ориз. Продинстајте на средна температура и налијте со вода. Гответе 5-6 минути со постојано додавање вода оризот да биде секогаш во вода. Додајте малку зачин, бибер по желба. Додајте зеленчук и оставете да се готви уште 5-6 минути, со постојано доливање вода.
  2. Маринираните пилешки гради пропржете ги на малку масло и парче путер. Кога ќе бидат готови, ставете го оризот во тавата, измешајте да се изедначи и оставете на оган додека водата не испари.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки