Колач со домашен пудинг и пишкоти

Колач со домашен пудинг и пишкоти

Ако посакавте нешто фино и слатко, тогаш овој рецепт е за вас.

Состојки:

  • 10 пишкоти
  • 2 лажици рум
  • 4 јајца
  • 1 л млеко
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 220 гр шеќер
  • неколку лажици мармалад од кајсии
  • 100 гр пржени бадеми

Начин на подготовка:

  1. Искршете пишкоти, со нив обложете калап, па пропрскајте ги со рум.
  2. Разматете јајца, млеко, шеќер и ванилин шеќер, па со тоа прелијте ги пишкотите.
  3. Калапот ставете го во плех, ставете вода до две третини, па ставете во рерна загреана на 200 степени да се пече 35 минути.
  4. Извадете од рерна и оставете да се излади, па премачкајте со мармалад и посипете со сечкани бадеми.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)