Здрав и вкусен ручек: Пилешки ражничи со мед

Здрав и вкусен ручек: Пилешки ражничи со мед

Здрава комбинација од пилешко месо богато со протеини и мед – идеален избор за здрав и вкусен ручек.

Состојки:

  • 60 мл масло
  • 80 мл мед
  • 80 мл соја сос
  • бибер
  • 4 парчиња пилешко филе исечкано на коцки
  • 2 чешниња лук
  • 3 главици кромид, исечкани за ражничи
  • 2 црвени пиперки, исечкани за ражничи

Начин на подготовка:

  1. Во сад заедно измешајте масло, мед, соја сос и бибер. Пред да го ставите пилешкото во маринада, одвојте мала количина од сосот на страна, за на крај да ги премачкате ражничите. 
  2. Во остатокот од маринадата додајте го месото, лук, пиперка и кромид и нека отстојат 2 часа во фрижидер. Пилешкото и зеленчукот исцедете ги од маринада и нанижете ги на стапчиња за ражничи. 
  3. Намастете ја решетката од скарата и печете ги ражничите 15-20 минути, а кога ќе бидат готови уште еднаш премачкајте ги со маринада и уживајте!

Добар апетит!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед