Природно и без хемија: Домашни пелат домати – одличен додаток во јадењата

Природно и без хемија: Домашни пелат домати – одличен додаток во јадењата

Домашни пелат домати – одличен додаток во јадењата.

Состојки:

  • 3,5 кг домати
  • свеж босилек
  • свеж магдонос
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Доматите добро измијте ги и ставете ги да се готват. Кога ќе испука кората извадете ги од тенџере да се изладат. Кога ќе се изладат, излупете ги, отсечете ги врвовите (зелениот дел) и исечкајте половини или четвртини, а малите плодови оставете ги цели. Посолете по вкус. 
  2. Полнете ги теглите, па редете и магдонос и босилек. Наполнете ги теглите до врв и ако е потребно додајте малку течност во која се готвеле доматите. Затворете ги теглите и чувајте ги на ладно и темно место.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Брзи рецепти“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо