Брускети со јајца: Лесен оброк кој лесно се спрема

Брускети со јајца: Лесен оброк кој лесно се спрема

Лесен оброк кој лесно се спрема.

Состојки:

  • багет
  • 150 гр сланина Пекабеско
  • 8 јајца
  • 1 чешне лук
  • малку путер
  • сол
  • бибер
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Лебот исечкајте го на парчиња, па секое истријте го со лук. Секое парче премачкајте го со путер и редете во плех, па печете неколку минути.

     

  2. За тоа време посебно испржете јајца на око и исечкана сланина. Извадете го лебот и на секое парче ставете по едно јајце на око, парче сланина, па посолете и побиберете и пропрскајте со маслиново масло.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо