Брза и лесна вечера без месо: Печен патлиџан со домат и кашкавал

Брза и лесна вечера без месо: Печен патлиџан со домат и кашкавал

Подгответе вкусна вечера без месо…

Состојки:

  • 2 патлиџани
  • 2-3 домати
  • сол
  • масло
  • кашкавал
  • кисела павлака

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги доматите и патлиџаните. Исечкајте ги на кругови. Патлиџаните добро посолете ги и оставете ги 10 минути. Со хартиена салфета соберете ја течноста која патлиџанот ќе ја пушти.

     

  2. Намастете тепсија, наредете патлиџани, па на нив ставете домат, па повторно кругови патлиџани. Потоа прелијте малку масло. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Потоа тепсијата извадете ја од рерна и преку ставете рендан кашкавал или премачкајте со кисела павлака (може и пола-пола). Печете уште 10 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Cooking“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо