Пилешко во сос од домати и лук

Пилешко во сос од домати и лук

Со компир пире или друг прилог по желба и со сезонска салата – совршен ручек.

Состојки:

  • 4 пилешки шницли
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 100 мл масло
  • 1 шолја доматен сок
  • 1 лажичка сечкан магдонос
  • сув зачин
  • бибер
  • босилек

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ситно кромид, па ставете да се динста со масло и сув зачин. 
  2. После кратко динстање додајте пилешко, налијте доматен сок и додајте вода колку да го прекрие месото, па оставете да крчка. Кога водата ќе испари би требало пилешкото да биде готово. 
  3. Пред крај ставете ситно сечкан лук, бибер, магдонос и босилек, оставете да прокрчка, па послужете топло со прилог или салата по желба.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство